ФИЛИПЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ ја заглави Македонија со лажни ветувања

Венко Филипче фото: СДСМ

На традиционалниот собир во прилепското село Селце по повод 11 Октомври, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред пред граѓаните и испрати пораки за актуелната политичка состојба во Македонија и заложбите на СДСМ за иднината на земјата.

Тој ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја „неспособна да ги исполни ветувањата дадени пред граѓаните“.

„За жал, денеска сме сведоци на Влада која со секој свој чекор ги изневерува граѓаните. Никогаш досега Македонија не била толку изневерена од својата власт,“ изјави тој, додавајќи: „Никогаш досега не сме виделе толку празни ветувања, толку лаги, како што видовме од ВМРО-ДПМНЕ и нивната измама на последните избори“.

Филипче рече дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станале „заложници на своите лажни ветувања“, а со тоа ја држеле во заложништво и Македонија.

„Ветуваа дека ќе обезбедат подобри позиции во преговорите со Европската Унија. Свесни дека лажеле, свесни дека не можат ништо да испорачаат, сега се заглавени како воз во снег – ниту напред, ниту назад.“- рече Филипче.

Тој им вети на присутните дека ќе ги избере најдобрите луѓе за водење на партијата.

„Како претседател ветувам дека ќе ги изберам најдобрите луѓе – оние кои имаат поддршка од членовите, кои се спремни им служат на граѓаните, а не да се служат со нив. СДСМ ќе го врати гласот на членството. Секој член ќе има глас и влијание, затоа што СДСМ е партија на народот.“ -заклучи претседателот Филипче, се наведува воп партиската реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот