Филипче: Владата не размислува за воведување на полициски час

Венко Филипче Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека експертите за имунизација се подготвуваат да ја укинат дозволата за влез во ресторани и други настани за луѓе кои примиле само една доза вакцина против коронавирус.

„Влезот ќе биде дозволен само за лица кои се целосно вакцинирани“, рече Филипче.

Тој додаде дека експертите имаат работни состаноци и дека ќе биде одреден рок за еден месец, така што граѓаните ќе бидат целосно имунизирани.

„Целта на заострување на мерката е да се вакцинираат што е можно повеќе граѓани“, рече Филипче.

Инаку, на прашањето дали мерките ќе бидат заострени и дали владата размислува за полициски час, Филипче одговори дека во моментов нема таква одлука.

Извор: МИА

Видео на денот