Филипче: Вирусот се смирува, но далеку сме од ситуација да кажеме дека може да здивнеме

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вирусот во последните неколку дена се смирува, но далеку сме од ситуација дефинитивно да кажеме дека сега може да здивнеме, меѓутоа и натаму здравствените и сите власти се внимателни, затоа што, како што кажа министерот, вирусот и натаму е непредвидлив.

-И во моментов имаме ист број на примени и испишани пациенти, ситуацијата полека се смирува, но сè уште сме внимателни бидејќи е многу непредвидлив вирусот, а ние немаме параметри кои може да прогнозираат веќе како ќе биде понатаму- рече Филипче.

Факт е дека притисокот кон болниците сериозно се намалува, вели Филипче.

Неколку дена имаме идентичен број на слободни кревети, но подготвени сме за сериозен голем број на притисок, вели Филипче.

Во врска со бројот на смрти случаи Филипче вели дека се забележани вакви случаи и во регионот.

-Ние имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот на пандемијата, се случува да земеме брис и посмортен, за да видиме дали лицето било позитивно ако ова не го правиме тогаш бројот ќе се намали- вели Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот