6 C
Скопје

Филипче: Утре пристигнува вакцината Спутник

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа најави дека утре се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. Оваа вакцина се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашиот здравствен систем е веќе подготвен.

– Најавата е дека ќе стигнат во недела со специјален транспорт преку компанијата ДХЛ со соодветно пакување, ладен ланец со запазување на тие температури. Ова е вакцина која за разлика од Фајзеровата се чува на температура на -18 до -20 степени за што нашата структура е спремна. После преземањето, ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на имунизација во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи и дозволите коишто треба да се добијат од страна на агенцијата Малмед за коишто треба да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите добивме, така да очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано еве во текот на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник Б – изјави министерот Филипче во гостување на „Сител“.

Прочитајте и...  Црн рекорд за Турција, регистриран најголем број на новозаразени од почеток на пандемијата

За почеток вакцинацијата со Спутник  ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

– Овој момент меѓудругото разговараме за тоа како понатаму ќе оди испораката. Ова е вакцина што ќе биде наменета за 3.000 граѓани, заради тоа што првата вакцина и ревакцина се практично со различен вектор. Зема обврска компанијата за најмногу 3 недели односно нешто порано да може да се организира и процесот на ревакцинација, а се разбира во меѓувреме чекаме информации за останатата динамика – кажа министерот Филипче.

Поврзани вести

Псаки: Администрацијата на Бајден засилено спроведува активности за спречување на оруженото насилство

Слободен печат

Бремените жени во Велика Британија ги советуваат да се вакцинираат со вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“

Слободен печат

Земјотрес од 4.2 степени регистриран во Јадранско море

Слободен печат

Ивановска: Генералниот секретаријат и за нас набави клими, но имаше дузина барања за тоа

Слободен печат

Советодавниот одбор на ЦДЦ на 23 април ќе одлучува дали да ја продолжи паузата за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Слободен печат

Тасева: Владата требаше да го разреши Рашковски, а не да чека да си поднесе оставка

Слободен печат

Остави Коментар