Филипче: Тројца пациенти починаа, четири заминаа излекувани од Инфективната клиника (ВИДЕО)

Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика.

Министерот за здравство Венко Филипче одржа заедничка прес-конференција во Владата заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, на која ги изнесе најновите податоци за новозаболените пациенти со коронавирусот.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа починаа тројца пациенти, едниот е од Кочани на 40-годишна возраст, без познати минати болести, другиот пациент е од Тетово на 69-годишна возраст, со тумор на мозокот и пациент, исто така, од Тетово на 65-годишна возраст, без минати заболувања. Од клиниката заминуваат четири оздравени пациенти- рече Филипче.

Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика.

-Во ГОБ „8-ми Септември“ синоќа се примени 4 лица за коишто се чекаат резулати и двајца пациенти  се на машина за дишење. Во Штип се хоспитализирани 4 лица кои се во стабилна состојба-рече Филипче.

Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои претходно беа хоспитализирани во болницата во Охрид, по вчерашниот договор Битола да биде регионален центар, и сите кои се лекуваа во Охрид, а кои сега се пренесуваат во Битола, се од околината на Струга.

Во Штип се хоспитализирани четворица пациенти од кои тројца во сосема лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

Во изминативе 24 часа регистрирани се 15 нови пациенти кои се заразни со коронавирусот, тие се со лесна клиничка слика, со ова бројката за заразени на целата територија на земјава изнесува 570 лица.

Пред него говореше премиерот Спасовски кој ги изнесе новите владини мерки, односно забарана за движење на граѓаните во работните денови кој ќе важи од 16 часот до 5 наутро, а за време на викендите нема да биде дозволено никакво движење. Овие мерки стапуваат во среда од 18 часот, целта на овие мерки е заштита на јавното здравје и заштита на секој поединец.

-Рамазанските и Велигденските празници да се чествуваат дома, а не по роднини и гости, тоа нема да не направи послаби верници, туку напротив, со тоа се грижиме за здравјето на нашите најблиски. Останете дома, колкушто е можно повеќе, сега херојство е да се седи дома и сите обврски да се извршуваат од дома- рече Спасовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот