Филипче: Тројца од заразените со лесно влошување на состојбата, еден пациент се тестира за коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата на деветте пациенти заразени со корона вирус изјави дека кај тројца има влошување на состојбата.

– Од деветте пациенти, шест се во стабилна состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата, поотежнато дишење, но се уште нема потреба од респираторна поддршка, изјави Филипче.

Тој додаде дека пациентите се над 65 години.

– Во текот на ноќта немаше, но утрово има пријавен пациент на Инфективната клиника, ги очекувам резултатите, ќе известиме кога ќе бидат готово, рече Филипче.

Министерот дополни дека вчера беше назначена нова директорка на клиниката на дерматологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот