Филипче: Три нови сомнителни случаи на коронавирус, двајца се негативни, за третиот се чекаат резултати

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите кој ќе се одржува секој ден заради опасноста од коронавирусот информираше дека денеска имало три сомнителни случаи.

– Два од случаите се негативни, додека за третиот резултатите ќе бидат готови за околу половина час, рече Филипче.

Тој рече дека станува збор за граѓани кои патувале во Италија.

За заштитните мерки, Филипче вели дека маските на отворен простор според начинот како се пренесува инфекцијата, не ги штитат граѓаните, а нивен недостатокот има насекаде низ регионот. За препораките од владата да се воведе сапун во училиштата министерот рече дека од понеделник ќе биде почната диструбуцијата.

– Засега нема потреба од одложување на јавни манифестации, но будно ја следиме ситуацијата, одговори Филипче на прашањето дали има потреба од одложување на јавни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот