Филипче: Тие кои го прележаа ковид-19 им се намалува природниот имунитет, затоа е потребно поскоро вакцинирање

Венко Филипче /Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, дури студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува.

-Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет. Не можеме веќе да чекаме и да се соочуваме со нови бранови, а низок процент на вакцинација. Тоа е логиката и за препораката од 45 дена по прележувањето граѓаните да се вакцинираат. Нема зошто да се одложува вакцинацијата, а бенефитот е подигање на колективниот имунитет, за целосно да се смени сликата со пандемијата, потенцира Филипче во својот статус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот