Филипче: Тестовите на антитела поставуваат само сомнеж дека некој е болен

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека постои стручно мислење од Комисијата за заразни болести, за позитивни пациенти на коронавирус да се сметаат само оние кај кои ќе се потврди присуство на вирусот.

-Дозволете да дадам информации за пациентите со тестови од болницата Систина. Тестовите на антитела поставуваат само сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа за сите кои ги прават овој тест, мора задолжително да се направи уште еден тест за присуство на вирусот за да се потврди или не болеста. Тоа е критериумот врз кој се регистрираат пациентите во сите земји во светот, рече Филипче.

Тој укажа дека вистинските и точни информации за бројот на заразени со ковид 19 граѓаните треба да ги добиваат од Министерството за здравство, како единствен официјален извор

-На почетокот објаснив зошто е тоа така и што е разликата со тестовите кои ги одредуваат антителата а не вирусот. Тоа се тестови кои што поставуваат само сомнение дека некој е во тој момент болен. Тоа треба да се потврди со тест за присуство на вирусот. Денеска се исконтактирани лицата преку комуникација со болницата и Институтот за јавно здравје, за да се завршат сите епидемиолошки анкети. Било кој тест сам по себе нема никаква вредност без да се направи анализа во клиничката состојба на пациентот, да се анализираат контактите и да се направи епидемиолошката анкета, централизирано преку Институтот за јавно здравје, посочи министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот