Филипче сподели порака од шефицата на СЗО: Останете дома за да му помогнете на здравствениот систем (ВИДЕО)

Фото: МИА

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук синоќа објави видео порака на шефицата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје Џихан Тавилах, која им порачува на граѓаните да не излегуваат од дома освен во ситуции кога навистина мораат.

-Најважно е додека трае оваа ситуација да дадеме вистинска поддршка на здравствениот систем за тие да можат да се справат со големата бројка на луѓе кои се тешко болни, посочува Тавилах во пораката што ја пренесува Филипче.

Да дадеме поддршка на здравствениот систем

Најважно е додека трае оваа ситуација да дадеме вистинска поддршка на здравствениот систем за ти да можат да се справат со големата бројка на луѓе кои се тешко болни.

Publiée par Венко Филипче sur Jeudi 9 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот