Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.
-На денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио- напиша министерот на фејсбук.
Доколку овие прогнози не се остварат, вели Филипче, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат.