Филипче: Со вработувањата за 10 отсто е зголемен капацитетот на медицинскот кадар во јавно-здравствените установи

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче, на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека и досега постоела соработката за детската кардиохирургија со спојот на експертизите од јавното и приватното здравство.

– Флуктуации во тимот секаде во светот постојат. И двете приватни болници имаа важечки договори да изведуваат детски кардиохируршки операции. Таму се изведуваа и досега. Не е тоа никаков новитет – потенцираше министерот Филипче и додаде дека во приватните болници се плаќа само услугата, исто како што се плаќа и на државната клиника, но не се плаќаат трошоците.

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти.

– Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси – рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот