Филипче: Со стабилизирање на епидемиолошката ситуација, ќе има постепено враќање со физичко присуство и на други одделенија

epa08578359 New pupil Angelina Bojahr (C) wears a sanitary mask during an enrolment ceremony in the Lankow elementary school in Schwerin, Germany, 01 August 2020. Thousands of children of Mecklenburg-Western Pomerania celebrated their first day in school with classes resuming on 03 August. This federal state is the first in Germany to officially open the new school year complying with health protocols imposed by the coronavirus pandemic. Children have to wear mask in the common areas of the school buildings. EPA-EFE/FELIPE TRUEBA
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите. Почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе.
„Протоколите кои ги изготвивме се базираат на истите универзални принципи за заштита од болеста и спречување на ширење на вирусот. Тоа е носење на маска, одржувањето на дистанца и задолжителното често миење и дезинфекција на рацете. Нашата препорака да има физички присутни деца од првите три одделенија е со цел да се намали бројот на деца што би присуствувале во училиштето, во училниците. Бидејќи децата сигурно ќе се среќаваат на влезот, на почетокот и на крајот на денот и за време на одморите, препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите, а овие три одделенија да почнуваат во различно време со временска разлика од 10 минути. Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години”, изјави министерот Филипче.
Тој потенцираше дека дадена е препорака за онлајн настава со неколку исклучоци. Целта е децата да имаат комбинирана настава, но сето тоа постепено да се воведе.
„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија.”, рече министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот