Филипче со најава: Одлука за отворање на границите во текот на наредната недела

Земјите од регионот во текот на наредната недела се очекува да донесат конечна одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче. Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат-М повтори дека епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, па властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето на одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Прочитајте и...  Рекорден број на нови случаи во БиХ, починаа 14 лица. Се воведуваат построги мерки

Се очекува следната недела координатор на македонското Министерство за здравство пред претставници на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.

Поврзани вести

ВИДЕО: Од што заболуваат американските дипломати во Русија и Куба? Сè започнува со губење на слухот

Маријана Митровска

Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Слободен печат

Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Слободен печат

Алиев: Азербејџан презеде контрола над 22 места во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Рамадани: Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна

Слободен печат

Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Слободен печат

Остави Коментар