Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо.

– На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов, објави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот