Филипче: Со дисперзираните центри ќе се решат проблемите со лекување на зависниците

Дисперзијата на лекувањето на зависници низ Центри во државава ќе го реши проблемот, а соработката со општините, невладините организации и со граѓаните ќе биде за да се укаже дека нема потреба од страв и паника, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со лекувањето на зависниците и за нивната терапија.

Во државава, рече министерот за здравство, во 10 градови веќе постојат десет центри за лекување на зависници. Но, според него, проблем е што во Скопје е најголемата бројка, од над 500 пациенти е во Центарот во општина Кисела Вода, што, како што рече, создава ситуација да има проблеми во давањето на терапијата и отвора можност за злоупотреба.

– Тоа е една од причините што постапивме според системот на дисперзија, за што добивме согласност и постигнавме консензус со градоначалниците од повеќе општини. Кога се помалку пациенти, терапијата ќе може да ја примат во присуство на лекар, ќе нема мешаница и пациентите да доаѓаат на 2-3 дена. Со терапијата има и психолошка поддршка. Тоа не може да се постигне кога има огромна бројка пациенти на едно место, а се одбегнува и гетоизација што не е современ медицински пристап.  Во Скопје има уште еден Центар, во болницата „8 Септември“ каде има осумдесеттина луѓе и нема проблеми, ниту пак, со медицинскиот отпад. Заедно ќе работиме со претставниците на општините и со граѓанските организации. Пред се, со граѓаните кои живеат во околината на здравствените домови за да им укажеме дека нема потреба од страв и паника – рече Филипче, кој присуствуваше на денешната донација на санитеттско возило за прилепската болница од Република Турција

Според Филипче, во моментов има доволен број психијатри за да започне дисперзијата.

– Во меѓувреме го пративме и барањето за нови, околу 30 вработувања, кои ќе бидат распределени низ сите тие центри – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот