7.9 C
Скопје

Филипче: Смртноста е на високо ниво насекаде, менаџираме со болничките кревети

Министерот за здравство Венко Филипче денеска со благ оптимизам нагласи дека епидемијата го достигнала пикот уште пред една недела, и дека бројките на новозаразени се стабилизираат на едно ниво – плато.

Според министерот процентот на новозаболени од бројот на тестирани на дневна база се движи од 36 до 41 процент, при што највисоко ниво од 41,2 проценти е забележано на 17 ноември кога бројот на новозаболени е 1.407. Бројките постепено и благо опаѓаат и три недели во континуитет бројката на нови случаи успорува, дојдени сме на ниво на плато при што и Р0, факторот на преносливост е единица, рече Филипче.

-Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи е на високо ниво, како и бројот на смртни случаи, па останува секаде ист предизвик, менаџирање на хоспитализација во услови на недостаток на болнички кревети и персонал, рече министерот Филипче.

Прочитајте и...  Приведени две лица при купопродажба на хероин 

Тој наведе дека 6,7 проценти од новозаболените завршуваат на болничко лекување и затоа предизвик е менаџирањето со болничките капацитети во сите болници низ државата.

-Важно е и менаџирање на пациентите, како се препраќаат, а мобилизиран е и целокупниот лекарски кадар: инфектолози, пулмолози и анестезиолози. Слободни кревети има речиси во сите болници во внатрешноста: Штип, Битола, Прилеп, Кавадарци, помалку има во Гостивар и Охрид, рече Филипче.

Во однос на смртноста, рече Филипче таа е во пораст секаде, и во Европа и во регионот.

-За жал огромен процент на пациенти се со хронични заболувања и во доцна фаза е започнато лекувањето, рече министерот.

-Апелирам да разберат дека во оваа состојба ќе опстане вирусот, секој од нас е во ризик, мерките даваат резултати, го нема огромниот притисок врз болниците, не со толкав интензитет. Одлична вест што ќе ја смени целата слика за пандемијата е што ќе пристигне на почетокот на годината вакцината преку Ковакс системот и ќе може да очекуваме стабилизација, рече Филипче.

Прочитајте и...  Шведската амбасадорка Бенгтсон ги претстави приоритетите на претседавањето на Шведска со ОБСЕ во 2021

 

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар