
Филипче: Седум нови лица се тестираат за коронавирус, меѓу нив и две родилки (ВИДЕО)
Седум нови граѓани се тестираат дали се заразени со коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу нив се и две родилки од Дебар. Едната е пренесена во болница Охрид, додека втората во Скопје. И двете се во стабилна состојба. Во државата во моментот има 18 позитивни пациенти на коронавирус.
Препорачано
– Сите други пациенти, меѓу кој и 15-годишното момче се во стабилна состојба. Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово и Кичево, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Неколку дена по враќањето развиле повисока телесна температура, а сега се во одделите за изолација во локалните болници. Има и едно лице од Охрид меѓу новотеститраните.
Едната бремена жена од Дебар е префрлена во изолација во Охрид, а другата е во Скопје. И двете се во стабилна состојба, но медицинските власти сакаат да ги подготват соодветно за породување, иако се’ уште не се во таа фаза. И за нив се чекаат резултатите од тестирањето.
Имаме околу 120 респираторни апарати, од кои 90 се во Скопје – рече Филипче и додаде дека состојбата во Дебар и Центар Жупа, според информациите од МВР е под контрола.
Министерот нагласи дека целиот медицинаски персонал од јавните и приватни установи се организирани за да работат во болниците и ќе се координираат телефонски, а назначен е шеф на Кризниот штаб во боницата во Дебар , кој ќе тргне кон градот и ќе ја организира работата таму.
Детската болница во Козле пак ќе се опреми за да прими деца кои евентуално би се заразиле со коронавирус.
Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и актуелностите со коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска со корона вирусот, појасни министерот Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање кои трговски центри ќе работи од понеделник, министерот Филипче посочи, дека целосно се затворени сите затворени молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.
– Отворените трговски центри, на пример Гратскиот трговски центар, понатаму во Аеродром и Карпош 3 се отворени целосно. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, кои нормално работат и припремаат храна, но нема собирање на гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер – изјави Филипче.