Филипче: Сè уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас

Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас со оглед на тоа што, според нашите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека се следи развојот на сите вакцини.

– Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори сè уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во најнаредните фази на клиничко истражување, рече Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот