Филипче: Се размислува за дозвола за индивидуалните спортови

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција најави дека од карантин наскоро ќе излезе и спортот. Според министерот, враќањето на спортот во државата ќе оди постепено.

– Дискутираме и на оваа тема, прво се размислува за дозвола за индивидуални спортови, но за времето и начинот ќе ве информираме по утрешните состаноци и на комисијата за заразни болести и на Владата на Р. Македонија – изјави Филипче.

Ова значи дека први со свои активности ќе започнат спортистите во индивидуалните спортови, додека екипните спортови се чини дека уште некое време ќе останат во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот