Филипче: Се наѕира крајот на еден крајно тежок период во светската историја

Со процесот на вакцинација практично ќе започне последната фаза од оваа пандемија. Се наѕира крајот на еден крајно тежок период во светската историја, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Заедно со мојот тим, денешниот ден го поминавме во координација за периодот кој претстои со процесот за вакцинација од ковид-19 вирусот. Го спремаме здравствениот систем и ја дефинираме целосната патека за ефикасен начин на вакцинација- напиша на Фејсбук Филипче.

Сепак, епидемијата е сѐ уште во полн ек, вели Филипче, а ризикот од зараза и натаму многу висок. Апелирам да се почитуват мерките за заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот