Филипче: Се надевам дека протест во недела нема да има, или дека ќе се протестира со маски и на дистанца

За 17 мај на социјалните мрежи се најавува протест пред владата за укинување на полицискиот час. Министерот за здравство се надева дека организаторот ќе го откаже протестот, а ако не го откаже дека полицијата ќе интервенира да има дистанца и протестирачите ќе носат маски.

Поголемата бројка на заразени со коронавирус изминатите денови се случила поради два настани, еден погреб и еден семеен настан во Скопје. Засега полицискиот час нема да се скрати и да почнува од 21 часот зашто таа мерка дава резултати и е потребна.

– Искрено се надевам дека граѓаните се свесни дека овие рестриктивни мерки и целосно затворениот викенд за Велигден, долгиот полициски час неколку недели и полицискиот час за викенд не донесоа до тука да имаме малку пациенти. Знам дека е тешко и им благодарам и им честитам на граѓаните што издржаа. Тоа е вистинска инвестиција и во сопственото и во здравјето на колективот. Засега нема да го скратиме полицискиот час зашто уште таква мерка ни треба. Сега кога спласнува се треба да се издржи уште малку. Искрено верувам дека организаторите ќе го откажат протестот, зашто сакам да се свесни и да поразговарам со нив и да видам зошто сметаат дека треба да се укине полицискиот час. Да им ги презентирам научните аргументи зошто тоа го правиме. Ако дојде до протест,верувам дека соодветните институции барем ќе интервенираат да биде на дистанца со носење на маски, рече министерот Венко Филипче во одговор на прашањето на Слободен печат.

Возачите на товарни возила нема да се опфатат во првиот дел од скринингот кој почнува утре за две илјади вработени во градинките, зашто за нив има протокол и не се во контакт со толку многу луѓе. Приоритет е даден за оние што имаат повеќе контакти. Ќе се врши скрининг со тестови со ПЦР метода, а целта е да се најдат оние што го имаат вирусот а немаат симптоми за да се изолираат и тие и нивните контакти.

Министерот додаде дека е решен проблемот со породилното отсуство за мајките на мали деца со ФЗОМ.

Наскоро сите министри за здравство на околните земји ќе се сретнат за да утврдат дали на граѓаните што ќе излегуваат од земјите на патувања ќе им се бара брис за ковид-19 или доказ дека се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот