Филипче: Се надевам дека и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега (ВИДЕО)

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета или слаба активност за казнување, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција, која се одржа во Владата.

-Се надевам дека и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега, нема за замине сè додека не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита од него. И после одржани 100 прес-конференции и илјадници пати повторени апели и пораки, еден дел граѓаните сè уште одбиваат да ја прифатат реалноста- рече Филипче.

Треба да се прифати дека одговорноста е на секој поединец, потенцираше Филипче.

-Не треба да разбереме откако ќе се разболеме колку всушност е опасен вирусот. Ние здравствените работници, Владата, не можеме да направиме ништо без граѓаните. Само сите заедно може да ја минеме кризата- рече Филипче.

Стратегијата даде резултат, рече Филипче, како што посакувавме, најдобар пример за тоа е Дебар.

-Системот е далеку подготвен за разлика од првиот бран, имаме повеќе знаење, ресурси, целосно опремен здравствен систем, кој не смееме да го оптовариме- рече Филипче.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот