Филипче разочаран: Директорка на Клиника за кожни болести четврти случај на коронавирус во земјата (ВИДЕО)

Со огромно разочарување потврдувам прво во контекст на непочитување за задолжителна автоизолација, по патување во ризичните региони за жена која е наша колешка, директор на Клиника за кожни билести, која 5 работни дена одела редовно на работа

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека доцна синоќа е дијагностициран уште еден случај позитивен на коронавирусот.

– Со огромно разочарување потврдувам прво, во контекст на непочитување за задолжителна автоизолација, по патување во ризичните региони, за жена која е наша колешка, директор на Клиника за кожни болести, која 5 работни дена одела редовно на работа. Земајќи го предвид овој факт, со големо внимание пристапуваме со мерки во Клиниката за кожни болести.

Институтот за јавно здравје прави контрола на степенот на ризик. Можно е одделот да биде целосно затворен. Целокупниот медицински персонал да биде испратен на домашна самоизолација, пациентите кои се хоспитализирани исто така да го продолжат лекувањето дома – рече Филипче.

Како што посочи министерот за здравство, колешката немала директни контакти со пациенти изминатата недела. Во епидемиолошката анкета ги навела сите контакти и ќе се одлучи каква форма на надзор ќе има.

– Ова непочитување е огромно разочарување – констатираше Филипче.

– Секојднените апели за самоизлоација мора да се сфатат многу сериозно. Не можеме да ги затвориме границите, ниту една земја во Европа тоа го нема направено, затоа потенцирам секој кој доаѓа од ризичен регион да остане во изолација 14 дена. Ќе бидат превземени мерки против сите кои го загрозуваат јавното здравје. Во однос на конкретниот случај сум максимално разочаран – дециден беше министерот.

Тој додаде дека состојбата на првозаболената е целосно стабилна. Во тенот на денот денес или утре ќе се одлучи за тоа дали ќе биде испуштена од болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот