Филипче: Продолжуваме да го зајакнуваме здравствениот систем

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на отвореното студио на МРТ, изјави дека се работи на тоа да се направи модерен клинички центар.

– Сакаме да направиме модерен клинички центар кој ќе служи најмалку во следните 60 – 70 години. Во моментов сме фокусирани на тоа, но и на продолжување на реформите и зголемување на платите на здравстените работници – рече ресорниот министер Венко Филипче.

-Се што направивме во изминатите две години беше во консултација со здруженијата на пациенти и експерите. Целта беше да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, а не да се наметнуваат решенија. Продолжуваме да го јакнеме нашиот здравствен систем. Сметам дека ги поставивме работите на вистинскит колосек, подвлече Филипче.

Премиерот Зоран Заев се осврна на опремата во здравството со забелешка дека нејзиното набавување во изминатите години не било согласно потребите и едукацијата и квалификацијата на перосналот. Тоа, напомена, веќе нема да се повтори.

Тој апелира до јавните установи проектите да ги реализираат со јавно-приватно партнерство, за државата да нема енормни трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот