Филипче: Притисокот врз службите за Брза помош е голем, чекаме донација во возила од Кина

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека возилата за итна медицинска помош со кои располага државата, заедно со уште една најавените три, ќе бидат доволна за премостување на проблемот во овој период додека да стигне големата донација од Кина од 60 возила.

– Чекаме голема помош од Кина која беше најавена за 2020 година, но беше одложена поради ковид. Тоа се 60 возила за итна медицинска помош и токму тоа беше причината зошто ние го запревме процесот на набавка на вакви возила во 2018 и во 2019 година кога набавивме 20 возила, изјави Филипче по денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека есенскиот бран го зголеми притисокот и врз службите за итна медицинска помош. Во однос на боледувањата, министерот рече дека е точно укажано како се продолжува боледувањето, без повторна посета на комисијата и оти ваквото укажување е испратено до сите институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот