4 C
Скопје

Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините, системот и планот за вакцинирање се подготвени, се чекаат уште вакцините

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител потенцираше дека здравствениот систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер” и „КОВАКС” механизмот.
„Може да кажам дека по сите три механизми реагиравме и комунициравме навремено и интензивно, најпрво со КОВАКС, пред некој ден имаше и најава од Светската здравствена организација дека првите дози вакцини може да се очекуваат на оние земји кои се спремни, a ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуираат, а понатаму и да се аплицираат”, изјави Филипче.
Во гостувањето на Сител, тој информираше дека пристигнати се фрижидерите кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени.
„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели.  Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент”, рече Филипче.
Министерот Филипче истакна дека добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамиката како што беше најавено од овој производител.
„Тоа се 5850 дози во февруари, а по 17.500 во месец март и април. Меѓутоа гледаме дека е тоа едно прашање коешто е на некој начин проблематично за сите земји во Европа. Сите земји и од Европската унија добија значајно помалку од тоа што беше планирано. Тоа е причината зошто оној трет механизам на солидарност на некој начин доцни, затоа што тие не можат да си дозволат да одделат сега во оваа фаза одредена количина. Поради тоа најавија дека тоа ќе се случи во следните месеци после месец март. Колку за илустрација, од најавените 230 илјади дози на почетокот на годината Австрија добила 23 илјади. Што значи самата компанија Фајзер којашто во овој момент е единствената која има вакцина која е одобрена од двете најголеми регулаторни тела за контрола на лековите европската ЕМА и американската ФДА, има предизвик да ги зголеми своите капацитети. Сега најавија дека малку ќе намалат со цел да ги надградат капацитетите за да испорачаат многу повеќе во текот на цела 2021 година”, посочи Филипче и најави дека во месец февруари ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто се направи уплата и се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.
„Целосно е спремен системот во однос на складирањето, планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е планот, тоа се три групи. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести. Целосно се спремни и здравствените домови и Центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и аплицираат вакцините по овој редослед”, информираше Филипче.
Прочитајте и...  Бројот на новоинфицирани лица во Косово расте: Од вакцината ни трага

Поврзани вести

Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Слободен печат

Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Илинка Иљоска

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Остави Коментар