Филипче: Премиерот Заев го донира својот дел од Хесенската мировна награда во Солидарниот фонд за ковид-19

Венко Филипче, Зоран Заев / Фото: Колаж, Слободен печат

Премиерот Зоран Заев го донира својот дел од Хесенската мировна награда во висина од 12.500 евра во Солидарниот фонд за ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој, во свое лично име и во име на Министерството за здравство и сите кои се на првата линија во борбата со ковид-19, упати благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција.

– Огромен број на заедници, на компании, но и на индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза. Солидарноста е клучна во периодот што следува и нашето општество мора да функционира како едно, напиша Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот