Филипче: Пред нас е најтешкиот период

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

– Сакам да упатам порака до граѓаните. Панедмијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројката постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи. Влегуваме во вториот месец од борбата, која целосно ни ги промени животите.

Пред нас е најтешкиот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече денеска Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот