Филипче: Потешко се дише на респиратор, носи маска

Министерот за здравство, Венко Филипче, уште еднаш на својот Фејсбук профил потсети на значењето на носењето на заштитна маска при спречување на ширењето на Ковид-19.

Тој на својот профил објави фотографија на која пишува „Потешко се дише на респиратор. Носи маска“, а под неа повторно укажа на трите основни правила за заштита од Ковид-19.

Фото: Фејсбук

„Маските мора да станат наше секојдневие. Тие докажано не штитат нас, но и другите околу нас. Кога две лица правилно ги носат маските, веројатноста да се заразат меѓусебно е 1.5 проценти. Носи маска, одржувај дистанца, не се групирај“, пишува Филипче на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот