Филипче: Пораките на поглаварот на ИВЗ дека коронавирусот е сè уште тука, се значајни за подигање на свеста

Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот.

Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста кај граѓаните. Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот.

– Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, посочува Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот