Филипче: Полициски час од 24 часот и укинување на забраната за теретаните се дел од новите мерки

фото Архива

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

– Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

1. Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 5 часот наутро.
2. Угостителските објекти да работат до 23.30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
3. Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
5. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
6. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори, стои во неговата објава.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.

Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот