Филипче: Почината пациентка од Струга немала коронавирус, но сепак е назначен нов директор

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги изнесе сите детали за новозаболените пациенти со коронавирусот и го честиташе почноправното челенство на нашата државата во НАТО Алијансата.

Пациентката од Струга која почина викендов, немала коронавирус, но назначен е нов директор на болницата, непосредно посмртно е земен брис, па кога ќе бидат готови ќе биде информирана јавноста, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој и се заблагодари на досегашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ, која беше разрешена, поради тоа што на Инфективното одделение во болницата не била хоспитализирана 66-годишна пациентка од Струга, која потоа почина од коронавирус.

-Добрата вест е дека денеска се испишани девет пацинети од Клиниката за инфективни болести, кои имаат два последователни негативни тестови. Пациентите кои имаа полесна клиничка слика, веќе закрепнуваат, во наредниве денови очекуваме закрепнување и на други пацинети кои ќе бидат упатени на домашно лекување- рече Филипче.

Министерот информираше за нов смртен случај, за 71-годишен пациент од Дебар, пацинет кој има коморбидитети.

-Потврдени се нови 26 случаи на пациенти со коронавирусот. Со ова вкупната бројка на заболени изнесува 285- рече Филипче.

Примени се осум нови пациенти на Клиниката за инфективни заболувања, сега има вклупно 47 хоспитализирани, на механичка вентилација се поставени тријца пациенти, а на кислородна поддршка дополнителни девет пацинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот