Филипче: Платите за лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, за медицинските сестри за 10 проценти

Фото: Слободен печат

Од февруари догодина платите на лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека заедно со сите други зголемувања од 2018 година досега основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 35 и 38 проценти.

– Заедно со зголемувањата на дежурствата, коишто од 2018 година, кога беа зголемувањата се зголемија за работен ден за двојно, а за недела и празник за трипати, сега платата на лекар-специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките и на интерните клиники ќе достигне, а кај на некој и ќе надмине, 100.000 денар – рече Филипче.

На новинарско прашање околу случувањата во ОХИС и штетноста на излеаната материја, министерот за здравство посочи дека доколку се помине во близина кадешто е ослободена материјата може да предизвика надрзба на очите и надразба на кожата. Еден пациент бил прегледан во клиниката, му била дадена соодветна терапија и бил пуштен на домашно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот