Филипче: Пациентката со коронавирус е во добра состојба, идентификувани се и другите патници во комбето

Тој информира дека се идентификувани сите патници кои биле со пациентката во комбето и кои во земјава влегле преку граничниот премин Табановце. Вкупно се девет луѓе, од кои осум патници и еден возач.

Пациентката кај која е утврдено присуство на коронавирус е во добра општа состојба и со лесна форма на болеста. Зафатено и е само едно белодробно крило и не е потребна механичка вентилација, ниту која било форма на интензивна терапија. Сместена е во Одделот за интензивна нега и изолација на Клиниката за инфектологија, соопшти вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информира дека се идентификувани сите патници кои биле со пациентката во комбето и кои во земјава влегле преку граничниот премин Табановце. Вкупно се девет луѓе, од кои осум патници и еден возач.

– Лицата се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката кои ја пречекале и три во Струмица. Веќе се упатени екипи на епидемиолози заедно со претставаници на МВР да се направи соодветната анкета по утврдениот прашалник за да се дознае со кои лица комуницирале овие патници денеска. Вечерва сите ќе останат во домашна изолација под полициски надзор, а врз основа на податоците ќе се одреди дали ќе продолжи домашната изолација или утре ќе бидат префрлени во претходно одредените инфективни одделенија за надзор. Нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип. Нема потреба од снабдување залихи – истакна Филипче.

Прочитајте и...  Повеќе од 1,2 милиони заразени со Ковид-19 во светот

Тој најави дека утре претпладне ќе бидат соопштени дополнителни детали.

Прочитај повеќе

Се намалува бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција

Слободен печат

Во Кина расте бројот на нови случаи со Ковид-19

Слободен печат

Опаѓа бројот на заразени од Ковид-19 во Германија

Слободен печат

Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Слободен печат

Можно ново зајакување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19

Слободен печат

Прв тигар во светот заразен со коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Денес треба да пристигне нова група македонски државјани од Велика Британија

Слободен печат

Вчера потврдени 5 нови случаи на Ковид-19 во Косово, вкупно 145 заразени

Слободен печат

Сончево време со температура до 17 степени

Слободен печат

Виц на денот – Дивјаци

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат