Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.
„По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани”, изјави министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот