Филипче: Пациент од Тетово е позитивен на коронавирусот, се лекувал во Заводот за рехабилитација во Скопје (ВИДЕО)

14 здравствени работници се тестирани и 4 пациенти, веднаш после добивање на резултатите ќе се направи стратегија на функционирање на Заводот за рехабилитација- рече Филипче.

Имаме пациент од Тетово, којшто од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација, тука во Скопје, во Капиштец, кој е тестиран и позитивен на коронавирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Пациентот поради покачена температура е тестиран е препратен на Инфективна клиника.

– Пациентот бил неподвижен, имал само една посета, заради фербилност после испуштање од болницата е тестиран, откако е добиен позитивен тест е упатен во Скопје, сите лекари се исконтактирани, многу мал број на пациенти имале контакт од 40 само 4, затоа што му била потреба рехабилитација. Пациентот имал ваксуларни болести и интервенција. На сите им е земен материјал, согласно временскиот период којшто е поминат немаат сипмтоми, 14 здравствени работници се тестирани и 4 пациенти, веднаш после добивање на резултатите ќе се направи стратегија на функционирање на Заводот за рехабилитација – рече Филипче.

Денеска интензивно работеше тимот на епидемиолози, тестирани се 14 здравствени работници и 4 пациенти, имајќи ги во предвид и контактите, но и малиот број на пацинети кои таму се лекуваат – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот