Филипче: Откриени се 13 болни од коронавирус

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На Инфективна има 61 пациент кои се лекуваат, а во болницата „8 Септември“ има осум нови пациенти, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според денешниот билтен има 53 оздравени пациенти од Ковид-19. За жал, на Клиниката за инфективни болести починаа две лица, жена од тетовсото село Желино и 81-годишна жена од Куманово. Во болницата „8 Септември“ почина еден пациент, а почина и маж од Битола кој се лекувал во тамошната болница. Направени се нови 289 тестирања и откриени се 13 нови случаеви. На Инфективна има 61 пациент кои се лекуваат, а во болницата „8 Септември“ има осум нови пациенти, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да се придржуваат до мерките за заштита и за носење на заштита маска.

– Само со свесно почитување на овие мерки може да се избориме со оваа болест – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот