Филипче: Опозицијата нема за што да се фати, па клеветат за респираторите

Ова се обвинувања од опозицијата кои се неиздржани и клеветат за нешто кое не постои, рече Филипче во денешното интервју на Телма телевизија.

Економските оператори што иницијално го добија тендерот за набавка на респиратори во Министерството за здравство, известиле дека не можат да ги испорачаат во дадениот рок, па со тоа постапката ниту се обновила, ниту завршила, рече во денешното интервју на телевизија Телма министерот за здравство Венко Филипче.

-Опозицијата обвинува без апсолутно никаква причина, едноставно немаат за што да се фатат и бараат причина да измислат. Ќе повторам, постапката ја прекинавме зашто самите компании не известија дека не можат да ги испорачаат пред се во однос на рокот на испорака. Сега е многу тешко да се стигне до респиратори. Ние ја имавме таа среќа да добиеме донација од ЕУ и сега уште една количина од УНДП од 50 респиратори. Ова се обвинувања од опозицијата кои се неиздржани и клеветат за нешто кое не постои, рече Филипче во денешното интервју на Телма телевизија.

Денеска еден пациент ја примил крвната плазма од ковалесцентите што ја донираа на Институтот за трансфуизона медицина, но рано е да се зборува за ефектите. Крвната плазма досега донирана е доволна да се искористи на тројца пациенти вкупно, а се очекуваат и други донори.

Еден симптом кој е контраиндикација за пациентот да ја прими плазмата е покачена телесна температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот