Филипче: Oди сè потешко, се исцрпуваат капацитетите, вирусот однесе многу животи

Нема да може да издржиме уште многу ако оди со оваа динамика, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител предупреди дека со оваа динамика многу брзо ќе се исполнат и дополнителните кревети во Ковид центрите.

-Обезбедуваме кревети и кадар, но тоа оди сè потешко. Спремни се дополнителни капацитети, но со оваа динамика може за кратко време и тие да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хируршките одделенија. Но, тоа значи дека сите доктори и сестри ќе работат со пациенти со Ковид и ќе запрат сите други прегледи и Мој термин. Обезбедувањето на кревети и кадар оди сè потешко, вели Филипче.

Се исцрпуваат капацитетите, вели Филипче.

-Ако оди во оваа динамика, ако продолжи овој тренд, ќе почнат да се откажуваат закажаните редовни операции, едноставно сите доктори, сестри да бидат посветени на пациенти со ковид-19. Ова е криза насекаде, вели Филипче.

Вирусот е непредвидлив, однесе многу животи, вели Филипче.

-Матичниот лекар е обврзан 24 часа, тие треба да ги прегледуваат пациентите, тоа не е од сега, тоа е години наназад, 24 часа треба да бидат на располагање за пациентите- рече Филипче.

Сите лекари, специјализанти, инфектолози, вели Филипче се во сервис на третман на оваа патологија, нема да може да издржиме уште многу ако оди со оваа динамика.

-Пред нас се два до три тешки месеци, се надевам дека мерките ќе дадат резултат, граѓаните да ни помогнат- замолува министерот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19, починаа 40 лица.

Црн ковид биланс: Четириесет лица ја загубија битката со коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот