Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оддржа средба со Комисијата за здравство на ОО СДСМ Штип и потоа учествуваше на маалска средба со штипјани со цел да се слушне гласот на граѓаните и граѓанките, да изградиме подобар живот за сите и покрај огромните предизвици од ковид-19 пандемијата.

– Централната власт предводена од СДСМ во интензивна соработка со локалната самоуправа предводена ор СДСМ овозможија сериозен развој на локалните самоуправи ширум државата, порача Филипче.

– Владата предводена од СДСМ минативе 4 години инвестираше над 240 милиони евра во 133 км патна инфраструктура на општина Штип и штипскиот регион. Инвестираме во здравствот поставивме модуларна болница, со вредност од близу 200.000 евра плус инвентар и немедицинска опрема, ја поставивме во февруари 2021 година. Тоа е доказ дека за СДСМ зборот е збор, додаде Филипче.

Потпретседателот Филипче посочи дека со сите спроведени проекти, со инклузивниот пристап, СДСМ е убедлив фаворит на претстојните локални избори.

– Покажавме и докажавме, ние сме со граѓаните и секогаш на страна на граѓаните кои се наш партнер, одиме на победа на локалните избори на кои сме аспсолутен фаворит, заклучи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот