Филипче: Од новите 29 заразени лица со коронавирус пет се поврзани со Кожната клиника (ВИДЕО)

Од новите 29 пациенти кои се заразени со коронавирусот пет лица се поврзани од Кожната клиника, кои после 16 дена на тестовите имаат позитивен резултат, тие се добри, во добра општа состојба, се во домашна самоизолација- рече Филипче.

На Инфективната клиника се направени контролни тестови на четворица пациенти, тоа се пациенти кои подолго време се лекуваат таму, тестовите се негативни, тројца се во значајана подобра состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Уште еднаш ќе се направат контролни тестови и доколку се негативни ќе бидат пуштени на домашно лекување. Нивната состојба постебено се подобруваше и со оглед на сегашниот наод на белите дробови исклучително се мали шансите да дојде до компликации- рече Филипче.

Од новите 29 пациенти кои се заразени со коронавирусот пет лица се поврзани од Кожната клиника, кои после 16 дена на тестовите имаат позитивен резултат, тие се добри, во добра општа состојба, се во домашна самоизолација- рече Филипче.

Со оглед на тоа што во оваа група има многу луѓе тестирани се само триесет луѓе, а дополчнително ќе бидат теститрани и другите луѓе, во повеќе циуклуси, потенцираше Филипче.

Од вкупниот број заболени од коронавирусот во земјава, 14 или 15 се здравствени работници, вклучувајќи ги и овие сега дијагностицирани во Скопје, информира министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Тие, како што соопшти Филипче се во Кавадарци, Дебар, сега во Скопје и во Куманово.

Прашан во каква здравствена состојба се децата кои се дијагностицирани со вирусот и каде се лекуваат, министерот информира дека најмалото дете од Скопје е на домашно лекување, девојчето кое се лекува во одделението за инфективни болести во болницата во Штип и момчето од Дебар кое има 15 години, а сите се во добра состојба во смисла на тоа да е манифестацијата на болеста во лесна форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот