Филипче: Очекуваме високите температури да го ослабнат вирусот

Согласно нашите трендови се очекува стабилизација на ширење на вирусот и сме свесни дека целосно исчезнување тешко е да се очекува. Оттаму држење на бројот на заболени под контрола и почитување на мерките за лична заштита се индикатори кои мора да се пратат во скеој момент. Согласно сегашната состојба, ние во следните 2 месеци очекуваме значајно намалување на пирење на вирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

– Индикациите на кои се темелат овие претпоставки се, прво најсилно изразени посткарантински ефекти кога силно беше ограничено движењето на граѓаните, затворање на границите, случаи на локална трансимија кои се под максимална контрола и тоа што ваков тип на белодробни заболувања траат меѓу 8 и 12 недели, а кај нас е 11 недела. Очекуваме да придонеста и високите температури за ослабување на вирусот и намалување на преносот. Почитувани граѓани сакам да ве уверам дека може да бидеме спокојни, дека сите досегашни мерки ги носевме врз основа на стручни анализи кои дадоа резултат. Исто како што мерките на воведуавње рестрикции се засноват на анализи, истото е и за олабавување на мерките – изјави Филипче.

Министерот истакна и дека е клучно да се почитуваат мерките за побрзо враќање на животот во нормала.

– Почитувањето на клучните препораки е важно за оваа ситуација да ја држиме под контрола и да ги вратиме животите во нормала. Апелирам до сите компании и организации кои ќе започнат со работа да се придржуваат до протоколите, тоа ќе биде предуслов за понатамошно целосно отворање на сите дејности и враќање на целиот работен процес во државата. Голем број граѓани ги почитуваат мерките,но има и такви кои не почитуваат. Апелирам до институциите, активно да ги спроведуваат мерките – додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот