Филипче објасни што е разликата меѓу тестовите за коронавирус во ,,Систина” и на државно

Министерот одговори дека нема разлика меѓу тоа дали тестот за коронавирус се прави на приватно или на државно, но има разлика во типот на тестовите.

Која е разликата меѓу тестовите за коронавирус што се прават на приватните клиники и оние што се изготвуваат во лабораторијата при Институтот за јавно здравје? Ова прашање „Слободен печат“ му го постави на министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Министерот одговори дека нема разлика меѓу тоа дали тестот за коронавирус се прави на приватно или на државно, но има разлика во типот на тестовите.

-Во Институтот за јавно здравје и во еден дел од приватните институции се прави тест кој го детектира присуството на вирусот. И тоа е по таканаречена PCR техника. Кога ќе се направи тој тест, кога ќе се потврди присуството на вирусот, тоа значи дека пациентот е носител на вирусот и болеста може да ја прошири – рече министерот.

Другата форма на тестови се оние со кои се детектираат антителата и тоа засега се прави само во болницата Систина.

– Значи кога се проверува тестот за антитела, тогаш се утврдува дали пациентот го прележал вирусот. Кажав дека може тоа да биде и во сосема лесна форма и пациентот да не бил ниту свесен дека е болен од оваа болест. За вакви случаи има и конкретни примери. И такви типови на антитела има два, едни кои се јавуваат кратко време после прележувањето на болеста и други што се јавуваат во подолгиот период после прележувањето на болеста, објасни министерот.

Тој додаде дека има сосема мал период во кој првиот тип на антитела се регистрираат заедно со антигенот. Значи, тоа се двете разлики на тестовите, едните кои што го детектираат присуството на самиот вирус, во кој што знаеме дека пациентот е носител и може да ја прошири болеста. И вториот тип на тестови, кога се детектираат антителата, значи дека пациентот ја прележал болеста. Ако се детектираат оние антитела од вториот тип покасно, значи дека пациентот веќе не е заразен туку дека болеста ја прележал и во тој момент не може да ја пренесе, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот