Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево имаше работен состанок со директорите од клиниките при Клиничкиот центар „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември” во Скопје.

На состанокот, соопшти Министерството за здравство, се разговараше за моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.

Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето клиники стануваат ковид – центри продожува да се одвива редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни. Министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, посочуваат од Министерството.

Во ГОБ „8 Септември“ не работат неколку лифтови, мамографот и магнетната резонанца

-Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот