Филипче: Обдукцијата врз телото на жената од Велес е направена зашто не беа познати причините за смртта

Обдукцијата врз починатото тело на велешанката која со нејзиниот син беше пронајдена во стан во Велес, била направена зашто не биле познати причините за смртта, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашањето на „Слободен печат“ дали на секој кој ќе почине од ненасилна смрт му се прави обдукција.

– Кај починатата пациентка од Велес направена е обдукција на телото затоа што не беа познати причините за смртта. Во таа смисла е земен и тој брис за детекција на коронавирусот. И сметам дека е добро што е земен еве ќе имаме екстра дополнителни податоци за времето кога настапила смртта. И така можеме повеќе да дознаеме за епидемиолошката слика во нашата земја.

Имаме информации за бројот на заболени од грип, многу поголем од минатите години. Еве овие информации, со оглед на тоа што станува збор за вирус за кој не се знае многу во светот мислам дека ние можеме полека да ја создаваме таа слика. Тоа е процес што сега почнува и ќе трае веројатно до крајот на годинава и следната година – одговори министерот.

Тој информираше дека е завршен протоколот од страна на специјалистите во Институтот за трансфузиона медицина за одделување на крвната плазма и дека експертите се подготвени технички да го изработат одделувањето на плазмата.

– Минатата недела се дискутираше од страна на стручните комисии на медицинскиот факултет. Беше консултирана и Агенцијата за лекови. Колегите на трансфузија се практично спремни да технички го изработат тоа одделување на плазмата, фракционирањето и после ќе биде индицирано на таа група на пациенти каде што ќе одговара – посочи министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот