Филипче: Нов бран е се поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас

фото Архива

Нов бран е се поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

-Ова темпо мора да го задржиме. Имаме одлично поставен систем и капацитети за вакцинација, потребна е само свест и совест кај граѓаните. Нов бран е се поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас. Само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи. Барам максимална одговорност, но пред се поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата. Разговарајте и убедете ги оние кои сеуште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено – вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од Ковид, напиша тој,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот