Филипче: Ниту една мерка не беше димензионирана да биде фактор за одлучување на изборите

Тој рече дека понатаму ќе има наши граѓани коишто ќе патуваат и ќе се вратат назад и странци коишто ќе доаѓаат бидејќи ќе бидат отворени границите.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа на телевизија 24 потенцираше дека во ниту еден момент, ниту една мерка во целиот изминат период не била димензионирана, препорачана или донесена, и притоа некаков фактор за одлучување да биле изборите.

-Без разлика на изборите како настан, ние постепено го враќаме животот во нормала, што значи дека ќе има и други настани. Утре ќе има спортски натпревари. Можеби на почетокот без публика, меѓутоа после ќе има публика, бараат организаторите на концертите – не само кај нас туку и во сите други земји. Тоа што не тера сега да мислиме, да аргументираме дека епидемијата е најмногу под контрола се неколку фактори: пост карантинските мерки, затворените училишта и градинки и затворените граници- истакна министерот Филипче.

Прочитајте и...  Дрекслмајер: Тројцата заразени работници од Ковид-19 не се поврзани меѓу себе

Тој рече дека понатаму ќе има наши граѓани коишто ќе патуваат и ќе се вратат назад и странци коишто ќе доаѓаат бидејќи ќе бидат отворени границите.

-Во септември училиштата ќе почнат да работат, можеби не со вообичаен капацитет, меѓутоа сигурно ќе почнат, па ќе бидат поделени во групи. Покасно во есента имаме ризик од тоа што секоја година ни се случува, а тоа е сезонскиот грип. Тоа се работите коишто нас не тераат да мислиме дека сега епидемијата е најмногу под контрола и дека на есен навистина може да се соочиме со еден повторен пик со висок раст на бројот на пациенти, нешто на што укажува СЗО, а за што се подготвуваат многу земји во светот- изјави министерот Филипче.

Прочитајте и...  Од вторник влез во Грција преку преминот Промахонас само со негативен тест за Ковид-19

Прочитај повеќе

Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

Во Албанија нов рекорд на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Иса Мустафа заразен од ковид-19

Слободен печат

Димитров во Припор: Да си ја зграпчиме шансата, можеме многу да направиме во сите сфери

Слободен печат

Јанушев: На Николовски требаше да му биде незгодно и срам кога со Заев се колнеа дека нема да го менуваат Уставот

Слободен печат

Ердоган го потпиша указот: Света Софија се пренаменува во џамија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ќе се извлечеме, кампањата завршува

Слободен печат

Сериозна ситуација со заразените со Ковид-19 и во Црна Гора

Слободен печат

Спасовски: Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати

Слободен печат

Патолозите зачудени: Згрутчена крв пронашле речиси во сите органи на пациентите починати од ковид-19

Слободен печат

Заев: До 2021 година, минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Слободен печат

Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија

Слободен печат