Филипче: Нема простор за паника, нема потреба за снабдување со залихи

На вонредната прес-конференција за ситуацијата со заболената од коронавирус во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш повтори дека нема простор за паника и за купување на залихи на храна.

– Нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип. Нема потреба од снабдување залихи – истакна Филипче.

Претходно, како што објавивме, во повеќе скопски маркети има зголемена фрекфенција на купувачи, а луѓето се одлучиле да ги зголемат залихите на брашно, масло, сапуни, влажни марамици, конзерви, тестенини, тоалетна хартија, зимница, средства за чистење и други неопходни артикли.

Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот