Филипче: Нема групни карантини за лекарите, дел од нив ротираат и се на повик од дома

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Има различни пристапи според кои се организирани здравствените установи во Македонија за справување со коронавирусот, но на Инфективната клиника во Скопје на работа одат сите специјалисти, постојано.

Дали има групни карантини за лекарите кои се грижат за пациентите со коронавирусот во државата и дали тие ротираат на работното место според протоколите, го праша Слободен печат министерот за здравство Венко Филипче.

Тој одговори дека групни карантини за лекари нема, но дека во повеќе јавноздравствени установи во земјава, тие се поделени во групи, кои ротираат и се на повик од дома.

Причината за ова е доколку хипотетички некој се зарази со ковид 19, да не мора целиот кадар да оди во изолација, туку само дел.

Има различни пристапи според кои се организирани здравствените установи во Македонија за справување со коронавирусот, но на Инфективната клиника во Скопје на работа одат сите специјалисти, постојано.

-Има различни пристапи на еден начин е организирана Инфективната клиника, на друг начин се организирани другите клиники од каде се регрутираат лекари и сестри да помогнат на инфективната клиника. На Инфективната клиника има 23 специјалисти. Таму долго време не беа вработувани лекари, не беше атрактивна таа специјализација за младите лекари. Во последните 2 години се примија нови и тие се на специјализација. Но, сите се во функција, таму нема рестрикција на кадарот во штедење и ротации, таму се сите во активна служба со тоа што постарите специјалисти помагаат во менаџирањето на пациентите со матичните лекари, рече министерот.

Тој додаде дека во сите други клиники има направено распоред зашто има намалена динамика.

– Таму според спецификата на струката, различна хируршка и интернистичка работа, директорите добија задача да ја организираат работата, да не трпи нормалниот проток на пациенти. Се одложуваат само тие што се хронични и на кои одложувањето на интервенцијата не може да ја влоши состојбата. Но, дел од персоналот ротира а дел е активно на работа. Нема групен карантин, тие се на повик од нивните домови, додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот